Компанија ДАНИВО дооел постои од 2000 година. Се занимава со производство и преработка на ориз и други житарици, како и со репроцесија и производство на семенски материјали. ДАНИВО обработува 123 хектари државно земјиште. Оризот е една од најстарите житни култури.
Компанијата произведува ориз на површина од 100 хектари и е една од најголемите производители на оризова арпа во Македонија. Просечното годишно производство на оризова арпа изнесува околу 700.000 килограми, од кои добиваме 350.000 килограми бел ориз.
Покрај сопственото производство ДАНИВО годишно одкупува по околу 6.000.000 килограми оризова арпа од индивудалните производители и ја преработува во фабриката што се наога во Горни Подлог во близина на Кочани. Капацитетот на фабриката во Горни Подлог е преработка на 1.200.000 килограми оризова арпа месечно и во неа работат добро обучени, професионални работници.
Според степенот на обработка на оризовото зрно, постојат следните типови на ориз: